Дали сте спремни за финансискиот вирус кој веќе го зафати светот и секако Македонија. Дали сте спремни за последиците од овој финансиски вирус. Деновиве светските портали објавуваат вести за светската економија за финансиските токови и секако состојбата на берзите.
Најобјавуван наслов деновиве е ММФ-НЕ ОЧЕКУВА НАЈЛОША ГОДИНА ОД ГОЛЕМАТА ДЕПРЕСИЈА. Под влијанието на пандемијата на новиот вирус Корона, глобалната економија во 2020 година ќе ја доживее најлошата година од Големата депресија во 1930 година, предупредува Меѓународниот Монетарен фонд.
КОРОНА ВИРУСОТ ЗА 4 ПАТИ ЌЕ ГО ЗГОЛЕМИ ДЕФИЦИТОТ ВО САД. Запирањето на американската економија и трошоците поврзани со епидемијата на корона вирусот ќе го зголемат речиси за четири пати буџетскиот дефицит на САД:
ММФ очекува економски пад од
5,9% за САД,
7,5% за Еврозоната,
5,2% за Јапонија,
6,5% за Велика Британија,
КИНЕСКАТА економија се очекува да се намали за 1,2% оваа година
Каде е Македонската економија во сета оваа статистика. Планираниот раст на економијата од 3,5% , планираните капитални инвестиции и отварање на нови работни места остануваат само на хартија. Како и сите држави од регионот така и Македонија под итно побара помош од ММФ во висина од околу 600 милиони евра. Додека штетите во економијата се очекуваат да бидат поголеми од 2 милијарди евра.
Колку време ќе биде потребно за опоравување на македонската економија од оваа финансиска криза. Во моментов само се калкулира со бројка на отпуштени работници пред се од рестораните, кафеаните и кафе баровите која сигурно е поголема од 30 000. Ако се додадат тука отпуштените од казината, коцкарниците и кладилниците оваа бројка е многу поголема. А што ќе биде со отпуштените од конфекциите и големите производни капацитети, колку месеци ќе можат да издржат во ваква ситуација. Колку државата ќе може да ги надокнади штетите? Во овој момент никој не ги знае одговорите.
Драги пријатели веќе зборував во предходните објави дека не чекајте некој друг да ви го реши проблемот. Не очекувајте од државата. Веќе е крајно време да се освестите. Гледате сите што значи кога сте зависни само од еден извор на приходи, колкав голем ризик е кога немате алтернативни додатни примања. Разбудете се и почнете да размислувате во насока да си обезбедите дополнителни примања. Секогаш имајте план Б. Направете го првиот чекор кон вашата финансиска писменост. Само со знаење ќе го преживеете овај финансиски вирус. СЕ додека седите на фејсбук и ги решавате задачите со три вештерки и три метли или колку зајаци колку уши имале Вие само пропаѓате се подлабоко во финансиска дупка. Излезете од вашата зона на конфор од вашата фотеља која е зона на ризик и премземете нешто за вас и вашите најблиски.
Со не превземање на никаков ризик вие всушност ризикувате најмногу.
Радески Стојче