Роберт Киосаки, кој се смета за татко на личната финансиска писменост, успеал во една реченица да го даде основното значење и вредност на моќта на градењето мрежа, односно бизнисите кои функционираат на принципот на вмрежување. Ваквиот начин на градење на бизнис се сретнува под различни имиња: мрежен маркетинг, network marketing, multi level marketing MLMитн. За овој бизнис модел од различни места и од различни извори ќе добиете различни мислења и дефиниции, или пак ставови, кои се движат во екстремно различни насоки. Од одлични можности за градење сопствен бизнис со можност за генерирање на пасивни приходи и личен раст и развој, до мислење дека МЛМ е „пирамидална” шема која ветува заработувачка преку ноќ. Што е тоа што доведува до вакви спротивни искуства и мислења? Дали да веруваме на едните или на другите?
Во Македонија постојат неколку примери на успешни МЛМ системи кои се претставници на светски признати брендови што успеале да го донесат брендот и преку овој бизнис модел да изградат успешна дистрибутивна мрежа на соработници. Во светски рамки овој тип на бизнис се развива во шеесеттите години на минатиот век и од САД се проширува и во останатите земји од Западна Европа, така што денеска е законски регулиран и е сè поприсутен вклучувајќи голем дел од популацијата. Некои од компаниите кои одлучиле своите производи и услуги да ги понудат на пазарот преку МЛМ системи денеска се едни од најуспешните и со највисоки кредитни рејтинзи, што говори за издржливоста на овој бизнис, кој Доналд Трамп во едно свое интервју го нарекува бизнис на 21-от век.
Кои се карактеристиките на бизнисот? Кога првпат се јавува? На што се темели? Кои се глобалните дефиниции за МЛМ? Како тој функционира кај нас и во светот? Ова се само дел од прашањата на кои во наредните блогови ќе се обидам да одговорам, преку моето повеќегодишно искуство во мрежниот маркетинг и искуството на многу светски успешни лидери. Еве краток вовед во основите на мрежниот маркетинг и одговор на прашањето: Што е МЛМ или мрежен маркетинг?
Multi level Marketing, Network marketing или мрежен маркетинг се синоними за маркетинг кој подразбира независна продажба на секој соработник (дистрибутер) и вклучува други соработници кои продаваат и добиваат провизија од сопствената продажба и меѓупровизии од другите соработници кои се во нивниот тим. Тој е легален, етички исправен, успешен, популарен начин на градење бизнис кој подразбира систем во кој обврските и одговорностите на истиот се да го третира поединецот на најниското ниво, каде што сите субјекти на системот се максимално заинтересирани и на финансиски и на друг начин мотивирани да поединецот биде одлично обучен и ефикасен во препораките и продажбата на услугите и продуктите што ги нуди конкретниот систем. Како што кажува и името, МЛМ е систем кој функционира на повеќе нивоа кои длабински се шират, а распоредот на обврските го прави да биде повеќеслоен.
За мрежниот маркетинг се карактеристични два фундамента на кои треба да се внимава. Првиот се однесува на продуктот кој што се нуди во системот и содржината што ја нуди тој систем (едукативна програма и можност за личен раст и развој), а вториот се однесува на начинот на исплаќање на провизиите од продадените услуги и продукти што ги нуди системот, како и вклучувањето на нови соработници. Овој систем е многу повеќе од можност за финансиска благосостојба. Тој овозможува пронаоѓање на задоволство во работата, јакнење на самодовербата и градење на психолошка стабилност како резултат на тоа што до успехот се доаѓа со своите лични квалитети и способноста да им помогнете на другите да ги постигнат истите, ако не и подобри резултати. Sir Winston Churchil рекол дека “Не може секој да го работи она што го сака, но за да успее, мора да го сака она што го работи”
Мрежниот маркетинг ја одбележа втората половина на дваесеттиот век, додека на почетокот на 21-от век тој претставува еден од маркетиншките пристапи и движења кои се присутни на многу слободни пазари, како што се Средна и Источна Европа, Азија, пред се Јапонија, како и САД и Канада. На Балканските простори, како и во земјите од некогашниот Советски Сојуз, МЛМ доживува експанзија во деведесеттите години на минатиот век. Во Југоисточна Европа околу 3,5 до 4 милиони луѓе директно или индиректно се вклучени во МЛМ, додека во Русија таа бројка надминува 5 милиони. Фактот дека „под капа” на МЛМ во разни форми се појавуваат разни игри и пирамидални продажби кои во голема мера го компромитираат класичниот и легален МЛМ, како и реалноста дека со губењето на средниот слој во Македонија, како земја во транзиција, за многу луѓе работењето во мрежен маркетинг е вистинска можност за заработка, сите овие факти мене ме инспирираа да во периодот кој следува им помогнам на оние кои запливале во водите на МЛМ-от преку корисни статии и текстови. А, на оние, пак, кои имаат предрасуди кон овој бизнис модел да ги прошират своите видици и дознаат нешто повеќе за бизнисот кој на луѓето им нуди:
- Можност за контрола на нивната финансиска иднина,
- Слобода да работат во време кога најмногу им одговара,
- Можност да си обезбедат постојан пасивен приход.
МЛМ во текот на последната деценија создал повеќе од 600.000 доларски милионери. Тој генерира повеќе од 400 милијарди долари приходи годишно, и во системите на МЛМ на секои 11 секунди се вклучува по еден нов соработник. Во него не успеваат само оние кои се откажуваат.
АКО НЕ ПРОНАЈДЕТЕ НАЧИН ДА ЗАРАБОТУВАТЕ ДОДЕКА СПИЕТЕ, ЌЕ РАБОТИТЕ ДОДЕКА НЕ УМРЕТЕ. Ворен Бафет